Петар Печков
Објавено: четврток, 20 април 2017
ЈВП ,,Лисиче,, Велес и Центарот за Јавно здравје Велес, добија нова апаратура и опрема во висина од околу 100 илјади евра. Таа е обезбедена преку Инспекторат за животна средина и е донација на Европската Унија, преку пред пристапната помош од ИПА 1 фондовите.
Со овие нови апарати ќе се засили мониторингот на водите, кој и досега го вршевме. Така ќе имаме подобри податоци и поквалитетно извршување на задачите кои ни се обврска и постојано ги обавуваме - изјави Бобан Пановски директор на Јавното водостопанско претпријатие ,,Лисиче,, .
Опремата која тие ја добија е за индикативни мерења на водите. Освен нив опрема и апарати вредни 350 илјади евра, добија неколку Центри за јавно здравје од земјава, како и државни институции, со кои ќе се мери квалитетот на водата и воздухот, бучавата во повеќе македонски градови.
Оваа опрема е наменета за подобрување на перформансите за примена и спроведување на законодавството од областа на животната средина. Како инспекција ќе добиеме навремени, веродостојни резултати за да може да имаме брза реакција. Знаете загадувањето на одредени медиуми –вода, воздух е од краток временски период. Додека дојдат нашите инспекциски служби, можно е загадувањето веќе да го нема. Со оваа софистицирана опрема и апарати ќе имаме подобри резултати – изјави Дарко Блинков советник за меѓународна соработка при Инспекторатот за животна средина.
Се опремија Центрите за јавно здравје од Скопје, Битола, Тетово, Универзитетот Гоце Делчев од Штип и Хидробиолошкиот институт од Охрид во висина од 250 илјади евра. Таа е наменета за испитување на квалитет на вода и воздух, за бучава, за ПМ 10 и како и мултигас анализатори.
За користењето и работата на новата опрема, се одржа предавање од страна на грчки стручњаци, на ХС ,,Лисиче,, која им е отстапена на користење, не во нивна сопственост.
Tweet |