Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 јуни 2023
На подрачјето на општина Градско и околните села Уланци, Виничани, Горно Чичево, Долно Чичево и Подлес , вчера недела се спроведе превентивна активност во рамките на кампањата за заштита на шумите. Ја реализираа полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Подружница шумско стопанство „Бабуна“ Велес и Шумската полиција.
„Полициските службеници и нивните колеги од шумската полиција во непосреден контакт и разговор со граѓаните укажуваа дека шумите се нашето богатство кое што сме должни да го чуваме и заштитиме, а секое незаконско сечење на дрва е кривично дело кое има законски последици. Беше потенцирана потребата од внимателност и совесност, но и потребата за благовремена соработка и комуникација со надлежните служби, вклучително и полицијата во интерес на превенцијата од штетите и последиците од бесправното сечење на шумите. Целта на проектот е да се информираат локалните жители за овој вид на криминалитет и да се подигне свеста на граѓаните во насока на поголема одговорност и соработка со надлежните институции во откривањето и спречувањето на бесправната сеча на шуми“ - соопштија од МВР.
На граѓаните им биле делени и едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со „Национални шуми“ и Шумска полиција.
Tweet |