Петар Печков
Објавено: среда, 31 август 2016
Велешанецот Роберт Панчевски со сплиќанецот Томислав Бузов деновиве објавија нивна заедничка песна ,,Ту ни љубав не помаже,,. Така соработката која започна во 2011-тата помеѓу овие двајца автори со нумерата ,,Бонаца,, а која ја испеа групата Ла Манш и Жера од Црвена јабука, продолжува со нова песна, испеана на хрватски.
Со распаѓањето на групата Ла Манш, соработката со Бузов продолжи. Неговите текстови ме инспирираа за нова песна. Неа за прв пат заедно со Бузов во живот, ја изведовме летово на Сплитската рива, кога имавме получасовен настап, во рамките на Сплитско културно лето. Тоа беше голема чест за нас двајцата а со една нумера настапив и со македонскиот тенот Влатко Груевски – вели Панчевски.
По враќањето тој песната ја снимил во студиото на Крсто Џгуров во Велес, Илија Манасков отсвирел соло а поранешниот колега од Ла Манш Роберт Трајков придружни вокали. Музиката и аранжманот се на Панчевски додека текстот е на Бузов. Тие на ју тјуб каналот ја поставија и снимката од настапот во Сплит, летово, кога за прв пат ја изведоа нумерата ,,Ту ни љубав не помаже,,.
Важно е дека снимаме, објавуваме песни, кои не се во некоја фиока да се чуваат и собираат прашина. Каде тоа ќе не доведе само Господ знае – додава Бузов. Тој најави дека следната песна ќе ја снимат есенва во Македонија, на македонски.
Најостро ја демантираме оваа изјава на Панчевски. Групата Ла Манш не е распадната. Напротив, таа сеуште функционира и егзистира. Потврдата за тоа набргу ќе ја види и јавноста, откако бендот ќе ја објави својата нова песна. Со почит, Владимир Тевчев и Борче Стојанов - членови на Ла Манш.
Јас Роберто Панчевски, како член нa групата од нејзиното основање до распаѓање, ќе ја прифатам групата да постои како Ла Манш, доколку мнозинството од членовите кои учествуваа на двата снимени албуми решат да продолжат да свират заедно. Новодојдените членови на групата кои дошле подоцна , не можат да решаваат за нејзиното постоење.
Tweet |