речник контакт

Нова генерација, нови доброволци во АРМ (фото)

77 војници се дел до 33-тата генерација војници на отслужување доброволен воен рок, меѓу нив и 8 девојки

Петар Печков

Нова генерација на војници доброволци во АРМ, дадоа свечена заклетва во велешкиот гарнизон ,,Алексо Демниевски Бауман,,.  Седумдесет и седум војници, од кои  осум девојки се девојки се дел од триесет и третата генерација на војници, кои доброволно го  отслужуваат воениот рок. Тие во наредните три месеци преку обука ќе се стекнат со знаења и вештини, од основната воена обука.   

 Ја сакам мојата држава и преку ова служење војска, сакам да се  надградам и со знаења и вештини. Секоја  работа има свој почеток и тежина, но со дисциплина сед се постигнува.  Имам одлични доноси со колешките девојки, не сум поштедена бидејќи тука сме сите исти и машки и девојки - рече Накова Цветанка, која доаѓа од Неготино и завршила средно за  хемиско технолошка струка.

Завршив Гимназија, првите денови ми беше тешко, но потоа со помош на старешините. Мојот татко и дедо беа дел од армијата и затоа се решив и јас да дојдам.  Ако има  начин и би се вработил во АРМ – рече Кадри Керими од Средно Коњари- општина Петровец. 

На  војниците и присутните нивни родители и роднини свечената заклетва им ја честиташе директорот на Генералштабот генерал мајор Димче Петровски.  

Од овој ден станувате дел од АРМ. Ви посакувам успех во совладувањето на обуката и да потоа однесете убави спомени од тука, од  касарната  од Велес. Почитувани родители бидете горди на Вашите синови и ќерки, кои се решиле доброволно да служат војска    –рече Петровски.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »