Петар Печков
Објавено: вторник, 27 декември 2011
На децата од ранливите категории општина Велес им подари 500 пакетчиња. Тоа беше органзирано преку неколку институции и невалдини организации кои се грижат за оваа популација и категорија на деца.
Со овие пакетчиња сакаме да им покажеме дека мислиме на нив и во овој период кога сите се радуваат, на новогодишно славје и тие заслужуваат внимание и подарок. Се надевам дека барем овој ден им го разубавивме - вели Горан Петров градоначалникот на Велес.
Општина Велес додели пакетчиња на Центарот за социјална работа наменети за деца од социјално загрозените семејства, ПОУ Маца овчарова, Дневниот центар за деца со посебни потреби, а в петок ќе се поделат и на децата од Детското одделение при Општата Болница Велес. Поделени се и пакетчиња на невладините организации кои се грижат за ромите и турците.
Општинската организација на Црвениот крст во Велес и ЕВН Македонија денеска во Ликовниот салон во Велес организираа заедничка хуманитарна акција под мотото „Да споделиме радост‘‘.
Ми претставува задоволство, штро преку Црвенито крст се вклучивме во настан, со кој предизвиквуаме задоволство и среќа кај најмладите, кај дечињата.Посебно кога во период кога се разменуваат подароци и сите се радуваат на нив, па затоаа и радоста кај децата е најискрена. Се надевам дека ЕВН со оваа скромна донација ќе предивикаме насмевки на дечињата - рече Дрган Николов раковдител на ПЕ на ЕВН Велес.
Во рамки на акцијата беше организирана новогодишна забава на која настапи балетското студио „Црни мачиња“ од Велес и беа доделени 50 пакетчиња на деца од социјално загрозени семејства.
Tweet |