речник контакт

Нова година помина и скок на ново заразените, денес во Велес 31 нов случај

Се зголеми и бројот на хоспитализирани пациенти во велешка Болница, за два дена има седум повеќе. Има починато пациент од Велес на 68 годишна возраст кој се лекувал на клиниките во Скопје

Петар Печков

Три дена по дочекот на новата година, таман толку време да се појават и првите симптоми на ковид-19, и во велешко скокна бројот на нови случаи со корона вирусот.

Министерството за здравство соопшти дека изминатите 24 часа е регистрирани 31 случај а оздравени се четворица. Со ова бројот на активни случи порасна на  130. Од таму информираат дека има починато лцие на 68 годишна возраст, кое се лекувало на скопските клиники а било позитивно на ковид-19. Тоа е 280-та жртва на ковид-19 во велешко.

Порасна и бројот на хоспитализирани пациенти во двете одделенија од велешка Болница. денес претпладне таму  се 23 пациенти, тројца повеќе од вчера и седум од неделата. Примен е еден пациент, испишани како оздравеени нема.
„На Инфективното одделение има 13 пациенти кои се позитивни, непотврдени има тројца и негативни, но со потреба од продолжени лекување има седуммина. На кислородна поддршка се 12 пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова.

На Инфективно одделение згрижени се 16 а на Интерно одделение седум пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »