Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 октомври 2020
Утрово почина пациент позитивен на ковид-19, кој бил на лекување на Инфективното одделение од Велешката Болница. Лицето било свештеник на Повардарска Епархија од МПЦ-ОА.
Утринава околу 8,30ч. починат е маж, на 58 годишна возраст од Богомила. Примен е на 22 октомври со позитивен тест за ковид-19 и е на кислородна поддршка од приемот- информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес
Ова е 26-та жртва од ковид-19 пандемијата во велешко, и десетта за седум дена. На Инфективно одделение до утрово биле хоспитализирани 41 пациент, 32 се потврдено позитивни, девет сомнителни а 15 пациенти се на кислородна поддршка.
Tweet |