Петар Печков
Објавено: сабота, 31 март 2012
Во рамките на Оперативната обработка „РЕАЛ“ македонската полиција откри случај на недозволена трговија со дрога, при што е пресечен меѓународен канал на недозволена трговија со хероин на релација Македонија – Грција и понатамошен транспорт во Шпанија. Во рамки на акцијата беа идентификувани и три лица од Велес од вкупно осум членови на криминалната група, македонски државјани на возраст од 25 до 63 години.
М.А.(1972), М.П. кој е во бегство (1971), двајцата од Велес, заработија кривична пријава за сторено дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Б.С.(1983) од Велес, полициски службеник кои и помагал на криминалната група ќе биде пријавен за сторено кривично дело за сторил кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Осомничените и претходно и се познати на полицијата и против нив во повеќе наврати се процесуирани кривични пријави, а за дел од нив постоеја оперативни сознанија дека се дел од таканаречената „Франкфурт мафија“ соопшти МВР. Двајцата М.А. и Б.С. се уапсени синоќа во акција на ,,Алфите,, и се наоѓаат во Скопје, се очекува да бидат изнесени пред истражен судија.
Tweet |