Петар Печков
Објавено: недела, 14 јуни 2020
Во текот на изминатите 24 часа нема ново заразен со ковид-19 во велешко, а има еден случај на починато лице. Починатото е едно од 11-та што до денес ја загубија здравствената битка за живот, со корона вирусот. Оздравени се водат 112 лица а активни 29.
Починатата е пациентка од село Бузалково, на седумдесет годишна возраст, која беше примена на Инфективно одделение со тешки здравствени проблеми, со респираторна поддршка и по неколку часа на 2-три јуни итно беше префрлена на ГОБ 8-ми Септември во Скопје. Во текот на вчерашниот ден имаме едно лице од населба Чашка, кое се води како оздравено по два негативни теста од земените брисеви- изјавија од Центарот за јавно здравје. Досега во велешко починаа 11 лица а како оздравени се водат 112. Во петокот попладне имаше еден случај на нов позитивен со ковид-19.
Денес на Инфективното одделение од велешката Болница според портпаролот д- Весна Николоска Неделкова има сместено 13 лица, од кои 10 се потврдено позитивни и за три се чекаат резултати.
Tweet |