Петар Печков
Објавено: петок, 06 април 2012
Завршени се градежните работи на зградата на новото модуларно училиште во велешкото село Отовица. Тоа е приклучено на водовод и канализација, останува уште да се приклучи струјата. Зградата има две училници, топлана, санитарен јазол и просторија за наставниците.
Тоа е инвестиција на Министерството за образование и вредноста е 2,5 милиони денари. Локалната власт на Велес одвои простор и ќе ги изврши поврзувањето со вода и канализација.
Во ова училиште, кое работи во рамките на осумодишното Стојан Бурчевски Буридан од Иванковци, моментално учат осум деца кои посетуваат настава до петто одделение. Наставата во училиштето се одвива во поранешната здравствена амбуланта а од есен децата ќе имаат нова зграда.
Tweet |