Петар Печков
Објавено: среда, 25 март 2026
Велешанец пријавил во полиција дека бил измамен околу инвестирање во крипто валути. Сумата на женско лице ја плаќал во повеќе наврати. Деталите од инофрмацијата на СВР Велес.
„На 24 март во 13:30 часот во СВР Велес, 59-годишен велешанец пријавил дека бил измамен за сума од 71.507 денари. Според пријавеното, во февруари преку интернет апликација стапил во контакт со женско лице, кое му се претставило како брокер на берза за крипто валути, при што го довела во заблуда дека ќе инвестира во негово име, a тој во шест наврати извршил уплата на парите“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
| Tweet |




