Петар Печков
Објавено: петок, 15 декември 2017
Откако кражбата на 16 садници борови и туи, која се случи во вторникот во попладневните часови, уште ја брануваше велешката јавност. Следниот ден, средата попладне, се случи нова. И повторно во Градски парк и повторно новите, штотуку засадени зизмелени садници дрвја.
Откако пред два дена од страна на несовесни граѓани беа украдени 16 свежо засадени зимзелени садници од бор и туја од градскиот парк, високи по 2 метра, вчера (среда) од страна на несовесни граѓани беа украдени уште 15 садници на зимзелени дрвја. Апелираме до граѓаните за повисока свест, затоа што во услови на голема загаденост на воздухот секоја мерка како што е засадување на дрвја, која ќе делува долгорочно на квалитетот на воздухот, треба да се поздрави, а не да се предизвикува штета- велат од ЈКП Дервен.
Тие бараат од граѓаните, доколку забележат дека некој краде садници од јавните зелени површини, истото да го пријават кај надлежните во Општина Велес или ЈКП Дервен. Украдените садници беа 40 на број и засадени од страна на РЕ Паркови и зеленило, во вторникот. По два дена останаа само уште девет. Во овој период од два месеци, кога според стручните лица било најдобро да се засадуваат нови садници дрвја, на повеќе локации од Велес биле засадени повеќе од 300 разни видови едногодишни дрвја. Со овие кражби, комуналците стравуваат дека садниците завршиле во дворовите на велешани.
Tweet |