Петар Печков
Објавено: среда, 22 февруари 2012
Екс директорот на Транс Велес Илија Тепев доби кривична пријава за злоупотреба на службена должност оти ја оштетил фирмата за 54 милиони денари. Полицијата го товари Тепев дека како извршен директор на ,,Транс Велес,, во 2002-та склучил четири фиктивни договори со ТП ,,Тедико,, во висина од 15 милиони денари и 750 илјади евра за што во залог дал 260 товари, патнички превозни средства.
Тој овој договор го потпишал иако знаел дека неговата фирма не е солвентна и не е во финансиска можност да го врати заемот. Подоцна откако долгот не бил вратен, согласно договорот за заем ,,Тедико,, ги презел овие возила од ,,Транс Велес,, . Со наведеното, фирмата ДПТУ „Тедико“ ДООЕЛ увоз-извоз Велес се стекнал со противправна имотна корист од 54 милиони денари на штета на ДАТШ „Транс Велес“ АД Велес.
Тепев подолго време е во бегство во соседна Бугарија и не може да биде екстрадиран во Македонија бидејќи поседува бугарски пасош. Тој се бара со меѓународна потерница за да одлежи затворска казна изречена од Основниот суд во Велес во траење од една година.
Tweet |