речник контакт

Нова кривична пријава за директорот на Киро Ќучук

Од досега седумте поднесени кривични пријави само една е процесуирана, другите отфрлени

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против Киро Камчев како претседател на  УО  на Киро Ќучук за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Фалсификување исправа“ .

 Пријавениот искористувајќи ја својата службена положба како Претседател со неограничени овластувања на Управниот Одбор на АД „Киро Ќучук“ , изготвил исправа со лажна содржина во која навел дека УО на „Киро Ќучук“ на седница одржана на 2 јуни .2011-та  година донел одлука за давање на користење под закуп деловен простор и машини, иако седница воопшто не била одржана.

Таквата фалсификувана исправа со невистинита содржина ја употребил и истиот ден склучил и договор за закуп за месечен надоместок во висина од 3 милиони денари со фирмата „Компанија 5+ РиАЈ“ , сопственост на З.Ј. (51) од Велес.  Камчев иако знаел дека закупувачот е со блокирана жиро сметка и неспособен да ги плаќа превземените обврски, го потпишал договорот за закуп, со што ги оштетил акционерите и доверителите.

Истиот и претходно е пријавуван за кривични дела против службената должност и кривични дела против имотот како „Измама“ , „Затајување“ и други. Од седумте досега поднесени  од 2001-ва наваму, само една е прифатена, таа од 2008-та.  

Со неа директор Киро Камчев се товареше дека ја злоупотребил службената положба и на тој начин присвоил значителна сума пари, не помала од 15 милиони денари.   Во повеќе наврати Камчев испорачувал стока, тули, цигли и друг градежен материјал на повеќе лица, со крајна цел да  купи акциите од трето лице  во висина од 9,2 милиони денари и наместо да ги плати од сопствен џеб,   ги платил со производи од друштвото каде управувал. Камчев во моментот кога беше  уапсен  за ова дело на 20 мај 2008-тата, кај него беа пронајдени 4,4 милиони денари пари во готово,  за кои обвинителството смета дека  биле подигнати од касата на друштвото.   За ова Камчев доби ослободителна пресуда, но Апелација ја врати на повторно судење.

Според второто обвинение,  поднесено од УЈП и за кое се води процес,  во периодот од 14 јануари 2009-та до 14 октомври 2010-тата тој од 900 илјада цигли кои биле запленети од УЈП продал 881 илјада. Оваа стока била попишана од страна на Министерството за финансии, УЈП поради долг кон државата за неплатени даноци, ДДВ, персонален и данок на добивка. Кога на почетокот од 2011 година дошла комисија од УЈП тие не ја нашле стоката, која била продадена.Камчев  смета дека ова е хајка против него, иако имало поднесено повеќе кривични пријави, само една е прифатена.

За исправноста на мојата работа може да посведочи фактот што против мене беа поднесени повеќе кривични пријави, но ниту една не се процесуираше. Сите беа отфрлени. Ова е податок дека против мене одредени лица водат хајка – изјави Камчев во велешкиот суд по обвинението за злоупотреба на службена должност, тешко 15 милиони денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »