Петар Печков
Објавено: недела, 10 мај 2026
Нова победа за одбојкарите ветерани на ОК Борец со која останаа на врвот на државната лига за ветерани. Во третото коло, на домашен терен ја совладаа екипата на ОК Гевгелија со 2:0 (19;15). Велешките ветерани беа далеку подобра противник и без многу мака стигнаа до победата и трите бода.
Во првиот натпревар играа ОК Шкендија и ОК Струмица а победија тетовци со 2:0 (15;18). Во третата средба во дербито помеѓу ОК Тетово и ОК Скопје победија тетовци со 2:1. Слободна беше екипата на ОК 11 Октомври од Прилеп. Натпреварите се играа во салата на ОУ Блаже Коневски.
Т А Б Е Л А
1. ШКЕНДИЈА 3 3 0 6:0 150: 99 9
2. ОК БОРЕЦ 3 3 0 6:0 155:119 9
3. ОК 11 ОКТОМВРИ 2 2 0 4:1 118:91 6
4. ОК ТЕТОВО 3 1 2 2:5 79:100 3
5. ОК ГЕВГЕЛИЈА 3 0 2 1:4 106:168 1
6. ОК СКОПЈЕ 2 0 2 1:4 47:55 1
7. ОК СТРУМИЦА 2 0 2 0:2 33:50 0
Следно 4-то коло 31 мај Скопје
ОК Гевгелија – ОК Скопје
ОК Струмица – ОК Велес
ОК Прилеп – ОК Шкендија
Слободна е екипата на ОК Тетово
| Tweet |




