Петар Печков
Објавено: вторник, 11 февруари 2020
Спортскиот викенд зад нас со една победа, едно реми и еден пораз за велешките екипи.
Повторно радоста на победата ја почувствуваа футсал играчите на второлигашот КМФ Кеги моби, кои дома во 12-тото коло славеа над екипа на КМФ Клими од Кавадарци со 6:4 со што и натаму е лидер на табелата.
Прволигашот КМФ Велес во 12-тото коло дома играше нерешено 5:5 со екипата на КМФ Јувентус Серава.
Во Bтората кошаркарска лига, група Исток КК Борец баскет продолжува со лошата серија порази. На домашен терен во салата Гемиџии загуби од 78:89 од Баскет Кам од Македонска Каменица. Гостите со оваа победа се израмнија со бодови со велешани, имаат по 11 и се во група од четири екипи а КК Борец баскет е шести.
Следното десетто коло велешани повторо играат дома ја пречекуваат екипата на КК Спарта од Скопје која е осма од девет екипи со две победи.
Tweet |