Петар Печков
Објавено: вторник, 25 октомври 2016
Во шестото коло од Првата лига во футсал, екипата на Велес на гостувањето во Скопје го победи тимот на Јувентус Серва со 11:5. Стрелци на головите за велешани беа: Ферид Агуши,Трајче Трајков,Александар Глигоров,Зоран Левески. По оваа победа Велес е прв на табелата со максимални 18 бода, заедно со екипата на Шкупи. Во следното коло, кое е игра на 5-ти ноември Велес дома ја пречекува екипата на Илирет од Куманово, која е петта со чест бодови.
Во седмото коло од Супер лигата, ракометарите на ГРК Борец дома загубија од лидерот Пелистер со 26:29, полувреме 14:15. Гостите во поголемиот дел од средба беа во водство а домаќините направија пресврт во 50-та минута кога поведоа со 22:20. Имаа и 24:22 за потоа повторно битолчани со серија од 5:1, да поведат 28:25 и стигнат до нови три бода. По пет гола кај ГРК Борец постигнаа Ордев, Андоновски и Илиев, а шест Чантурија и пет Николиќ кај гостите. Велешани и натаму остануваат при дното 8-ми со само пет бодови. Во следното коло Борец му гостува нa Прилеп , кој е петти со 12 бода.
Tweet |