Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 декември 2022
Утрово во Основното училиште Гоце Делчев во Кавадарци, добиена е пријава за поставена бомба . Извршена е евакуација на учениците и вработените.
„Денеска 12 декември околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Минатата седмица во шест училишта во Кавадарци, три средни и три основни имаше пријава за поставени боми, а по извршените проверки,од страна на екипи на МВР се констатираше дека биле лажни.
Tweet |