Петар Печков
Објавено: четврток, 07 март 2019
Топлото време го раздвижи сообраќајот, се зголеми фреквенцијата на учесниците и на автомобили и на пешаци. А безмалку секојдневно во полицискиот билтен има регистрирано и сообраќајна незгода. Така беше и вчера, вторник.
На 06.03.2019 околу 13 часот на улица „Славко Ѓорѓиев - Сватот“ во Велес патнички автомобил „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управуван од А.К.(24), удрил во пешакот Т.К.(78), кој се здобил со повреди и му била укажана помош Општата болница во Велес - пишува во информацијата на Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Полицијата извршила увид на местото на настанот по што ќе се знаат причините.
Tweet |