речник контакт

Нова сообраќајка со тројца повредени, жената со скршеница пренесена на Ургентен во Скопје

Во автомобилот се превезувало семејство од Гевгелија

Петар Печков

Попладнево нова сообраќајка, овој пат на  автопат. Според информацијата од Центарот за управување со кризи се случила околу 16ч. кога автмобил излетал од коловозот после наплатна рампа Сопот, близу Башино село. Во него се превезувало семејство од Гевгелија.  Прва на помош пристигнала екипа на Итната помош.

„На лице место прифатени се тројца пациенти, двајцата се жалеле на проблеми во градниот кош а третата пациентка е суспектна. Дадена е им е потебната здравствена нега и се префлени во велешка болница“ – кажа д-р Василка Пановска началник на Службата за итна помош Велес.
Од велешка болница соопштија дека се примени три пациенти, кај двајца има полесни повреди додека кај едната жена има тешка телесна повреда.

„Кај сите три пациенти дежурен хирург има извршено прегледи дадена потребна помош. Кај  Л.К. која е на 43 годишна возраст по извршена радиодијагностика  констатирани се полесни повреди и пуштена е на домашно лекување. Кај Д.И. кој е на 79 годишна возраст по извршена компјутерска томографија  има исто така полесни повреди, но засега е задржан  на опсервација. Додека третиот пациент М.И. на 73 годишна возраст, по извршената радиодијагностика има констатирано скрешница на фемур и поради сложеноста и специфичноста на повредата е пренесена на Ургентен во Скопје“ – кажа Марина Андова портпарол на Општа болница Велес. 

Деталите за инцидентот, од СВР Велес.

„Денеска 23 мај во 16.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино во атар на село Башино Село, велешко, патничко возило со национални регистарски ознаки на Р.Грција, управувано од Л.К. 43-годишна од Гевгелија, излетало од коловозот“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И.(73 год) од Гевгелија сопатничка во возилото, а со телесни повреди се здобиле возачот Л.К. (43 год) и сопатникот Д.И.(79 год) од Гевгелија, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »