речник контакт

Нова термо фасада за Пензионерскиот дом, обновена е и салата за забава

Инвестиција од Здружението на пензионер од Велес е во висина од 3,2 милиони денари

Петар Печков

Пензионерскиот дом во Велес доби нова економична термо фасада а реконструирана е и салата каде  пензионерите секојдневно го користат слободното време. Освен што новата фасада е со термо-изолација, има и звучна. А променета е и водоводната и канализациона мрежа.

 „Се грижиме за нашите станови и нивните станари, нив ги има 24. Долго време не било инвестирано во објектот и затоа решивме да ја обновиме зградата и салата. Поставени се и нови ПВЦ прозори и врати“ - кажа Веле Алексовски, претседател на Здружението на пензионери од Велес.

Оваа инвестиција била вредна 3,2 милиони денари средства од буџетот на Здружението на пензионери Велес.  Тоа изминатите години реконструира седум објекти во пензионерски домови, во руралните средини.

За наредната година планираат тоа да се изведе во село Лисиче, каде би можеле да престојуваат иселениците од овој крај, кои заминале за Турција а често  навраќаат во родните места, но бидејќи хотелот во Горно Врановци не  работи, тие нема каде да престојуваат. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »