Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 февруари 2020
Во саботата по завршувањето на утринската Литургијата се освети новоизградениот објект фонтаната „Азбуки - духовен вруток“ во дворот на црквата Св. Кирил и Методиј.
Ова е донација од Запро Запров, диригент и уметник. За ова дело, нему му беше врачен црковен Орден за заслуги на Повардарската епархија.
Фонтаната „АЗ-БУКИ духовен вруток” е посветена на браќата Кирил и Методиј а името го добила по првите букви ма глаголицата Аз и Буки, азбука која ја создадоа солунските браќа.
Фонтаната има четири топки над нив е купола. Фонтаната е во букви и симболи, со ликовите на свети Кирил и Методиј.
Tweet |