Петар Печков
Објавено: среда, 15 ноември 2006
На прес конференција, најголемиот производител на леб во Велес, АД Жито Вардар најави нови повисоки цени на лебот. Од утре тој ќе се продава за 10 отсто поскапо.
- Поради повисоката цена на пченицата на светскиот и домашен пазар, приморани сме да ја качиме и цената на лебот од 20 на 22 денари. Сразмерно ќе бидат повисоки цените и на другите видови леб, додека белите пецива остануваат по старо - изјави Ристо Ташев директор на АД Жито Вардар.
Доколку трендот на поскапување на пченицата продолжи и натаму, можна е нова цена во новата година.
АД Жито Вардар е најголемиот производител на леб во општината и пошироко, кој градот го снабдува со 19 илјади парчиња леб секој ден и задоволува до 90 отсто од потребите на граѓаните.

Tweet |