речник контакт

Новата монтажна Болница за пациенти со ковид-19, ќе биде лоцирана во дворот на Болницата, но локалната власт нема пари за инфраструктура

Во велешката ковид-19 монтажна болница предвидени се 32 кревети за сместување на исто толку пациенти

Петар Печков

Во кругот на велешката Болница ќе се поставува монтажна болница  која ќе згрижува пациенти позитивни на ковид-19, но локалната власт нема средства за да се изведат инфраструктурните зафати.  Ова на денешната прес конференција го објави градоначалникот Аце Коцевски, откако беше прашан дали е пронајдена локација, каде ќе се постави  новата монтажна Болница, наменски за лица со коронавирусот.

Локацијата е позната, над хелиодромот, близу хируршките амбуланти и лево од Инфективното одделение. Според барањата на Министерството за здравство, општините треба да го бетонираат тлото, да се постави водоводна и канализациона мрежа, иако Болниците не се во надлежност на локалната власт. За жал немаме таква ставка во локалниот Буџет, приходите се драстично намалени, се минимални. Треба да бараме начин за да ги обезбедиме овие средства. Ни се случи поплава, невреме, ангажирана е механизација која расчистува и тоа се непланирани трошоци. дали ќе правиме ребаланс на Буџетот или ќе се откажеме од некои локални инфраструктурни ветувања, ќе одлучиме- изјави градоначалникот Аце Коцевски.

 
Заради проширување на болничките капацитети во 16 града ќе се формираат ковид болници за сместување, дијагностика и тријажа на пациенти со ковид-19, со цел  да се одвојат од останатите пациенти.  Во велешката ковид-19 монтажна болница предвидени се 32 кревети за сместување на исто толку пациенти.

Во овој период од појавата на корона вирусот, лицата  од велешко, општините Градско, Чашка и Лозово, кои се позитивни се хоспитализираат на Инфективното одделение од Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »