речник контакт

Новата сезона на Третата фудбалска лига Југ започнува на 8 септември

Лигата брои 14 екипи, а од ОФС Велес членови се ФК Превалец и ФК Башкими од Горно Јаболчиште

Петар Печков

Новата сезона во Третата  фудбалска лига – Југ, во, која настапуваат и екипите од ОФС Велес, заедно со тие од ОФС Неготино, ОФС Кавадарци и ОФС Прилеп,  ќе започне на 8 Септември. Лигата брои 14 екипи, наспроти  ланската сезона кога броеше 11 екипи.

Нови екипи кои ќе настапуваат во Трета лига – Југ се Башкими Горно Јаболчиште, Влазними, Венец и Дреново.

Во првото коло екипата на Превалец кој ланската сезона беше вицепрвак, гостува на Бучин во истоименото крушевско село,  а новакот Башкими дома, во Чашка игра  со Росоман.

Другите парови се :   

Ултрас (Прилеп) - Младост Кривогаштани
Марена (Кавадарци) - Обршани (Прилеп)
Влазними (село Пресил Крушево)- Венец (Долни Дисан Неготино),
Дреново -  Слога (Лажани),
Питу Гули - Големо Коњари

Локалното дерби есенва се игра на 6 октомври од 15ч. во Чашка, каде ФК Башкими  е домаќин на составот на  ФК Превалец.

Есенската полусезона во Трета лига – Југ треба да заврши на 1. декември, кога ќе бидат одиграни натпреварите од последното есенско коло.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »