Петар Печков
Објавено: вторник, 26 март 2024
Скопска „Акцент медија“ понуди најдобра цена на јавниот повик за поставување на билборди на територијата на Општина Велес. Таа на аукцијата која се одржа на 12 февруари и учествуваа три фирми, пакетот за поставување, го доби со вредност од 1.430.000 денари на годишно ниво. Правото на работа е за наредните пет години.
За илустрација досегашниот корисник на билбордите плаќаше четири пати пониска годишна цена,од 350.500 денари.
Новина од годинава е што во Велес ќе бидат поставени и дигитални паметни реклами паноа и тоа 27 на број. За ова се пријавила само една фирма, Гоат Маркет ДОО Гевгелија која го добила пакетот за 210.080 денари на годишно ниво и како единствена успеала да ја спушти почетната цена од 300.000 денари. И таа со рекламирањето преку овие дигитални паноа ќе управува пет години.
Досегашниот корисник треба да ги отстрани старите билборди а новиот корисник веќе ги поставува неговите билборди.
Новите корисници на билбордите должни се на сметка на општината да уплаќаат и годишна комунална такса од 1.200 денари по билборд, како и надоместок за приклучок на потрошена електрична енергија за дигитално паметните рекламни паноа, и за билбордите доколку постават осветлување на истите.
Tweet |