Петар Печков
Објавено: недела, 09 август 2020
Во Велес два нови случаи на позитивни со ковид-19, како и двајца оздравени. Ова е денешната состојба за која информираа од Центарот за јавно здравје. Така во градот има 23 активни случаи на лица со корона вирусот, 198 оздравени, вкупно 235 заразени и 13 починати.
Имаме два нови случаи на позитивни со ковид-19 и двете се млади лица, од исто семејство, машки, кои биле надвор од градот и таму се заразиле. Имаме и двајца оздравени, мажи и жена, кои не се во сродство. Тие имаа два негативни последователни теста - информираа од Центарот за јавно здравје.
На Инфективното одделение од велешка Болница има 17 хоспитализирани, сите се потврдено позитивни.
Tweet |