Петар Печков
Објавено: вторник, 21 декември 2021
Во велешко изминатите 24 часа има регистрирано 10 нови случаи на лица заразени со ковид-19 додека оздравени се 14, објавија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи е 163 лица. Нема починати лица.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 31 пациент, исто колку и вчера. Од нив 15 се потврдени позитивни со ПЦР тест, непотврден се пет пациенти а негативни се 11, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Изминатите 24 часа примени се две лица, испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На континуирана кислородна поддршка се 20 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 23 пациенти и осуммина се на Интерно.
Tweet |