Петар Печков
Објавено: вторник, 16 февруари 2021
Министерството за здравство објави дека денес, вторник во велешко има 11 лица ново заразени со ковид-19, седумина се оздравени. Активни се 235 случаи а досега се заразиле 3.300 лица.
Бројот на починати од последици на корона вирусот, во велешко неколку дена е без промени, 107 пациенти.
Во велешка Болница се хоспитализирани 33 пациенти, од кои 27 се потврдени позитивни, двајца пациенти се сомнителни, четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се осум пациенти. На Инфективно одделение се сместени 31 а на Интерно двајца пациенти.
Tweet |