речник контакт

Нови 12 лица во изолација во Велес викендов или вкупно 126

Велешката полиција само предупредува не казнува за не носење маски, не држење растојание

Петар Печков

За време на викендот на подрачјето на СВР Велес полициски службеници превентивно ги опоменуваа граѓаните кои не носеле заштитни маски и не ја почитувале обврската за задолжително растојание од два метри помеѓу две лица. Ова е одговорот на поставеното прашање од ТрМр до СВР Велес, дали уредбите  на Владата со законска сила, за држење растојание и носење на заштитна маска,  се применуваат од страна на граѓаните и дали велешката полиција констатирала прекршоци. 

Затоа пак СВР Велес  и нејзиниот претставник во Општинскиот кризен штаб неодамна се пофалиле дека од почетокот на вонредната состојба до средата  поднеле 106 кривични пријави за непочитување на полициски час. 

Изминатите три дена три лица од Велес, не ја почитувале забраната за движење во полициски час, две во петокот и едни синоќа.    Во Велес со решение за изолација има нови 12 лица или вкупно  126 лица а во самоизолација  се 25 велешани. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »