Петар Печков
Објавено: петок, 10 декември 2021
Изминатите 24 часа има регистрирано 12 нови случаи со ковид-19 во велешко и 10 оздравени лица. ова се податоци од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 167 лица.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имаше згрижено 28 пациенти, исто колку и вчера. Од нив 15 се потврдени позитивни со ПЦР тест, непотврдени се четворица и деветмина се негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Примен е еден нов случај, испишани како оздравени нема. На континуирана кислородна поддршка се 16 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 21 пациенти и седуммина на Интерно.
Tweet |