Петар Печков
Објавено: среда, 05 мај 2021
Изминатите 24 часа во велешко има 23 оздравени пациенти и 12 ново заразени со ковид-19, соопштија од Институтот за јавно здравје. Така бројот на активни случаи падна на 447 а досега во велешко биле заразени 5.423 лица
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 71 пациент, од кои 51 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и 16 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 22 пациенти. Испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест – кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.
На Инфективно одделение се 37 пациенти, на Интерно седум и во Модуларната болница 27.
Tweet |