Петар Печков
Објавено: среда, 24 ноември 2021
Тринаесет нови случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко и четворица оздравени пациенти. Таква е состојбата со здравствениот билтен за изминатите 24 часа, објавена од Министерството за здравство. Активни се 363 случаи.
Во трите ковид одделенија од Болницата има згрижено 42 пациенти, деветмина помалку од вчера. Од нив 32 се позитивни потврдени со ПЦР тест, двајца се непотврдени и осуммина негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„ Испишани се осум пациенти. На континуирана кислородна поддршка се 17“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение згрижени се 29, во Модулaрна болница е 17 пациент додека на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има петмина.
Tweet |