Петар Печков
Објавено: недела, 15 август 2021
Нови 13 случаи на лица позитивни на ковид-19 се регистрирани во велешко, изминатите 24 часа. Ова е податокот од здравениот билтен за изминатите 24 часа, кој го објави Министерството за здравство.
Бројот на активни случаи во велешко се искачи на 55 пациенти. Раст и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центарот од велешка Болница.
„На Инфективно одделение вкупно се хоспитализирани 12 пациенти, девет се потврдени позитивни и тројца пациенти сомнителни. На кислородна поддршка се четворица пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.
Tweet |