Петар Печков
Објавено: вторник, 01 март 2022
Изминатите 24 часа во велешко 13 нови случаи на лица со корона вирусот а оздравени се 23 пациенти, соопштија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко се симна на 147. Со оваа бројка Велес е на петтото место според бројот на активни случаи во земјава, по Скопје, Битола, Прилеп и Куманово. Починати нема.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 25 пациенти, еден повеќе од вчера . Hа Инфективно се хоспитализирани 21, на Интерно четворица. Нема испишани пациенти, ново примен е еден.
„Потврдено позитивни се 18, непотврдени се двајца и негативни се петмина пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 13 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |