речник контакт

Нови 14 случаи на заразени од корона, исто толку оздравени

Активни случаи со ковид-19 во велешко има 603, во Болница се сместени 40 пациенти

Петар Печков

Денес, сабота Центарот за Јавно здравје Велес регистрираше нови 14 заразени од ковид-19,  оздравени се исто толку 14.  Досега во велешко има заразено вкупно 2,7 илјади лица оздравени се две илјади.

Активни случаи со ковид-19 во велешко има 603, од нив 25 се во велешка Болница, три во приватни клиники во Скопје, едно во Болницата Козле и 574 се на домашно лекување.

Во велешка Болница  хоспитализирани  се 40 лица, од кои 31 се потврдени позитивни, три пациенти се сомнителни и  шест пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 16 пациенти. Испишани се четири  пациенти како оздравени со по еден негативен тест.  На Инфективно одделение се   37 пациенти а на  Интерно три.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »