речник контакт

Нови 14 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко, десет оздравени

Хоспитализирани се 25 пациенти на Инфективно одделение

Петар Печков

Нови 14 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко , регистрирани изминатите 24 часа а оздравени се десет. Ова е здравствениот билтен кој го објави Министерството за здравство според кој во Македонија има 32 починати од последиците на корона вирусот а ново заразени се 1.210 лица. Во велешко активни се 127 случаи на лица позитивни на ковид-19. Во ковид центарот во велешка Болница, двајца пациенти повеќе од вчера.

„Вкупно се хоспитализирани 25 пациенти на Инфективно одделение, од кои 22 се потврдени позитивни и тројца сомнителни. На кислородна поддршка се 10 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест“ -  соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »