Петар Печков
Објавено: среда, 15 септември 2021
Нови 14 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко а оздравени се 15. Ова се податоци за изминатите 24 часа кои ги објави Министерството за здравство. По ова бројот на активни случаи во велешко изнесува 251 лице.
Во велешка Болница во трите ковид одделенија хоспитализирани се 64 пациенти, од кои 46 се потврдени позитивни, пет сомнителни и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
„На кислородна поддршка се 33 пациенти. Испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка болница.
На Инфективно одделение згрижени се 35 во Модуларната болница се 20 и на Интерно девет пациетни.
Tweet |