Петар Печков
Објавено: четврток, 11 февруари 2021
Нови 16 случаи на заразени со ковид-19 во велешко, како и 14 оздравени. Ова е билансот со корона вирусот, објавен од страна на Министерството за здравство а податоците се однесуваат за денес, четврток.
Бројката на починати лица, како последица на ковид заразата е 107. Во велешко има 218 активни случаи а досега се заразиле 3.244 лица.
Хоспитализирани во велешка Болница се 32 пациенти, на Инфективно одделение 30 и на Интерно двајца. Од лежечките пациенти 26 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и летворица пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 13 пациенти. Од Болницата се испишани двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Во текот на вчерашниот ден, еден пациент од велешка Болница е транспортиран во Приватна Болница Систина-Скопје.
Tweet |