Петар Печков
Објавено: среда, 01 септември 2021
Доцна вечерва Министерството за здравство ги објави податоците за ковид состојба во земјава. Во Велес и велешко изминатите 24 часа има 16 ново заразени а нема податок за оздравени. Бројот на згрижени пациенти во велешка болница е зголемува.
„Вкупно се хоспитализирани 44, од кои 36 се потврдени позитивни,пет сомнителни и тројца пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 29 пациенти“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 42 пациенти а на Интерно двајца. Еден пациент бил испишан како оздравен со еден негативен тест.
Tweet |