Петар Печков
Објавено: вторник, 23 февруари 2021
Министерството за здравство објави дека денес, вторник во велешко има 16 лица ново заразени со ковид-19, а 10 се оздравени. Активни се 218 случаи а досега се заразиле 3.374 лица.
Од последиците на корона вирусот, во велешко починале 110 лица од велешко.
Во велешка Болница се хоспитализирани 34 пациенти, од кои 30 се потврдени позитивни, еден е сомнителен и тројца се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се девет лица. На Инфективно одделение се сместени 30 а на Интерно четворица пациенти. Испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |