Петар Печков
Објавено: среда, 09 март 2022
Во велешко 16 ново регистриран заразен со ковид-19. Изминатите 24 часа оздравени се 11 пациенти, соопштија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи изнесува 99 лица.
Во велешка Болница има починато еден пациент, маж на 73 годишна возраст од Велес, со ковид пневмонија и други коморбидитети. Тој е 313 жртва од последиците на корона вирусот во велешко.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 11 пациенти, двајца помалку од вчера Hа Инфективно се хоспитализирани осум, на Интерно тројца. Нема ново примени а еден е испишан со еден негативен тест.
„Потврдено позитивни се шестмина, непотврдени нема и негативни се петмина пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се тројца пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |