Петар Печков
Објавено: четврток, 31 декември 2020
Во последниот извештај за ова 2020-та година, Центарот за јавно здравје Велес објави дека денес имало 17 заразени лица или годинава вкупно 2.774 лица. Оздравени се 19 пациенти а годинава оздравеле 2.124. Починат еден велешанец Нна 79 годишна возраст, кој од пред некој ден се лекувал на Инфективна клиника во Скопје.
Досега во велешко има починато 94 лица од последиците на ковид заразата. Во велешко активни се 556 случаи, 24 се во велешка Болница две во приватни клиники во Скопје, еден на Инфективна клиника во Скопје, две се во Болницата Козле и еден на торако- васкуларната клиника. На домашно лекување се 526 пациенти од велешко.
Од велешката Болница информираа дека кај нив се хоспитализирани 27 пациенти, на Инфективно 23 и на Интерно четири. Од лежечките пациенти 22 се потврдени позитивни, еден е сомнителен и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се десет пациенти. Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Едно лице е транспортирано за Скопје на Инфективна клиника.
Tweet |