Петар Печков
Објавено: вторник, 23 ноември 2021
Осумнаесет нови случаи на лица позитивни на ковид-19 и 19 оздравени пациенти. Таква е состојбата со здравствениот билтен во велешко, за изминатите 24 часа која ја објави министерството за здравство. Активни се 354 случаи. За потсетување претходните два дена, немаше регистрирано нови случаи на лица со корона вирусот.
Во трите ковид одделенија од Болницата има згрижено 51 пациент, четворица повеќе од вчера. Од нив 35 се позитивни потврдени со ПЦР тест, шестмина се непотврдени и 10 негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Има примено четворица пациенти, двајца на Инфективно и двајца трансферирани од Интерно одделение. Нема испишани пациенти. На континуирана кислородна поддршка се 20“ - кажа др- елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение згрижени се 23, во Модулaрна болница е 21 пациент додека на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има седуммина.
Tweet |