Петар Печков
Објавено: четврток, 25 февруари 2021
Министерството за здравство објави дека денес, четврток во велешко има 18 ново заразени лица со ковид-19, а девет се оздравени. Активни се 244случаи а досега се заразиле 3.416 лица.
Како жртва од последиците на корона вирусот во велешко има 111 починати лица.
Во велешка Болница се хоспитализирани 38 пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и седум се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум лица. На Инфективно одделение се сместени 31 а на Интерно седум пациенти. Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |