речник контакт

Нови 18 случаи со ковид-19, оздравени се 22 пациенти од велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 12 пациенти, еден повеќе од вчера

Петар Печков

И натаму Велес е при врвот во земјава со ново заразени од ковид-19.  Изминати 24 часа во велешко  се  регистрирани 18 случаи, со што е трет град во Македонија. Оздравени се 22  пациенти, соопштија од Министерството  за здравство. Бројот на активни случаи во велешко  изнесува 94 лица.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 12 пациенти, еден повеќе    од   вчера  Hа Инфективно  се хоспитализирани девет, на  Интерно    тројца. Ново примен е еден а   испишани нема.

„Потврдено позитивни се седуммина, непотврдени тројца    и негативни се двајца    пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се шест  пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »