речник контакт

Нови 19 лица позитивни на ковид-19 во велешко

Бројот на активни случаи е 330, вo трите ковид одделенија од велешка Болница се хоспитализирани 59 пацинети

Петар Печков

Деветнаесет нови случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко, регистрирани се изминати 24 час.Според здравствениот билтен на Институтот за јавно здравје, во истиот период оздравени се четири лица.

Или вкупниот број на активни случаи во велешко е 330 пациенти.


Вo  трите ковид одделенија од велешка Болница се хоспитализирани 59,  од кои  40 се потврдени позитивни, пет сомнителни  и 14 пациенти  се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 30 пациенти. Испишани се 10 пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

На Инфективно одделение се  36, на Интерно 11 и во
Модуларна болница 12 пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »