речник контакт

Нови 19 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко

Во велешка Болница згрижени се 40 пациенти, позитивни или со проблеми од корона вирусот

Петар Печков

Во Велес и велешко изминатите 24 часа има нови 19 лица позитивни на ковид-19 а има 10 оздравени. Овие податоци ги објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко порасна на   337.

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти е   40, од нив 24 се на Инфективно одделение, 11 во Модуларната болница, додека на Интерно  се петмина  пациенти.  

„Од згрижените пациенти 26 се позитивни,  12  се негативни, но со потреба од продолжено лекување   а двајца пациенти се непотврдени.  На кислородна поддршка се 27 пациенти. Примен е еден нов пациент, во Модуларната болница, испишани се тројца како оздрвени со по еден негативен тест“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »