Петар Печков
Објавено: вторник, 12 јануари 2021
Министерството за здравство објави дека во денес во велешко регистрирани ce 20 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 15 . Со ова активни се 387 случаи а досега во велешко се заразиле 2.888 лица. Починати oд последиците на ковид заразата се 97 лица од велешко.
Во велешка Болница хоспитализирани 35 пациенти, од нив 29 се на Инфективно одделение а шестмина на Интерно. Од лежечките пациенти 26 се потврдени позитивни, двајца сомнителни и седуммина пациенти со негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 11 пациенти. Испишани се двајца пациенти од Болница, како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |