речник контакт

Нови 20 случаи со ковид-19, оздравени се 14 пациенти од велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 12 пациенти, исто колку вчера

Петар Печков

Иако бројот на ново заразени се намалува, и тие нови случаи на ковид-19 што се пријавуваат го позиционираат Велес на третото место во земјава денес.

Изминати 24 часа во велешко  се  регистрирани 20 случаи, со што е трет град во Македонија. Оздравени се 14  пациенти, соопштија од Министерството  за здравство. Бројот на активни случаи во велешко  изнесува 99 лица. Починати нема.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 12 пациенти, исто како    вчера  Hа Инфективно  се хоспитализирани осум , на  Интерно  четворица . Ново примен нема а  испишан е еден пациент.

„Потврдено позитивни се тројца, непотврдени еден    и негативни се осуммина    пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се пет   пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »